Накитот е еден од најважните детали за невестата. Со него можете да постигнете вистинско истакнување на целокупниот стајлинг.

Каков вид на накит ќе одберете да носите на денот на вашата свадба најмногу зависи од моделот на венчаницата и секако фризурата што сте ја избрале за овој значаен ден. Најважното правило гласи – Што помалку тоа подобро.
Ако сте во дилема како да одберете ѓердан, обетки или бразлетна дали да бидат од сребро или злато, еве неколку совети како полесно да се одлучите.

Обетки

Вашите обетки може да бидат големи или мали , во зависност од тоа каков вид на фризура ќе одберете за тој ваш посебен ден. Најдобро е да се задржите до вашиот вкус и стил така полесно ќе се одлучите дали сакате повпечатливи или поедноставни.
За кратка и долго пуштена коса идеални се помали обетки или со средна големина.

Големи и гламурозни обетки, како што најчесто носат познатите дами на црвениот тепих, се совршен избор за вашата свадба, ако косата е подигната во пунџа. Не е задолжително да бидат само сребро или злато можете да изберете обетки во било која ваша омилена боја.

Ѓердан
За разлика од обетките кои што можат да се носат на било каков модел на фустан или пак венчаница, ѓерданите понекогаш можат да бидат тежок избор. Затоа размислите добро и бидете практични при изборот на ѓердан.
Ако, на пример, венчаницата е затворена, или без деколте или пак има чипка што води кон вратот, заедно со ѓерданот може да изгледа пренатрупано, наместо елегантно и шик.
Доколку се одлучите за корсет, дали тоа ќе биде во облик на срце или рамен исто така и за венчаници, каде што нема многу детали, ѓерданите, особено големите се одличен избор, но ако сакате да бидете сигурни или пак едноставно не сте навикнати дискретен ѓердан на вратот ќе биде вистинскиот избор за вас .

Бразлетна

Доколку сте љубител на бразлетна, тогаш, исто така и на тој ден, би требало да ја изберете. Сепак, за венчаница со долги ракави, тоа не е добар избор, бидејќи ракавите сами по себе се доволен украс.
Ако имате чевли во боја, бразлетната можете да ја комбинирате со нијансата на чевлите.

Ако сте љубител на впечатливиот накит не плашете се да изберете аксесоар кој ќе додаде голема доза на гламур на вашата свадба.

Повелете и изберете имате огромен избор на накит од бисери преку светкави циркони па се до златни и сребрени модели во…

DSC_0784 timeless.kumanovo , 10294267_339303812861317_6262020333305536105_nzlatara fiore ,

 1939953_665723043463917_358014406_n ZLATARA-PEPIr zlatara.kvin