Свадбена торта мора да биде совршена, како на изглед така треба и да биде вкусна. Не е лесно да се направи избор во море од различни украси и вкусови. Потрудете се да  изберете една торта чиј вкус ќе им се допадне на сите, а сепак на изглед да ве остави без здив.

Торта на спрат

Традиционалните свадбени торти имаат три ката, иако денес се прават  торти и на пет или повеќе спрата.  Тортата  може да биде во форма на квадрад, круг или шестоаголник . Претежно ја зазема целата подлога , иако свадбената торта може да направи така што на секој спрат да има колачиња. Таков вид на торта со повеќе колачиња посебно за секој од гостите се препорачува за свадба со мал број на гости. За голема свадба најпрактична е  правоаголна торта бидејќи од нив може да се добие најголем број на убаво исечени парчиња и на еднакви делови.

nananacupcake-wedding-cakes-black-and-white-wedding-theme---cake-and-cupcake-decoration-ideas-2013

Декорација на торта

Идеи за декорација , можете да ја изберете од каталог,но постои можност и да однесете слика или цртеж  што вам ви се допаѓа од некоја торта во слаткарницата на овој начин, можете лично да учествувате  во креирање и украсувањето  на тортата за вашата свадба. Тортата може да биде украсена со шлаг или марциапн маса. Во лето би требало да се избегнува торта со марциапн маса, бидејќи на покачени температури ќе се стопи. Бела, црна, розова и виолетова се најчести бои за торти. Покрај украсите што можат да се јадат на тортата може да има гипсани фигури , панделки од сатен.

gothic-wedding-cakes-9WhiteWeddingCakes

Торта убава и на вкус

При изборот на свадбена торта  обидете се да им се допадне барем на повеќето од вашите гости. Бидете  сигурни дека не може да им се допадне на сите, но затоа може да се направи торта со различни вкусови, благодарение на тоа дека тортата е на неколку ката, можете да направите сосема поинаква торта. Може да направите торти со различни вкусови една овошна, една чоколадна, со таква свадбена торта секој ќе најде нешто за себе. Исто така е важно секој да добие барем едно парче од 120 грама за да има за секого, некогаш може и до 150 грама.

За поголем избор повелете во слаткарницата rafaella

6-200x200 555-200x200 7-200x2008-200x20011-200x20031-200x200