Венчавката е еден од најважните денови во вашиот живот, често при организирањето на сала, бенд, венчаница исто така е многу важен и изборот на цвеќе како за бидермаерот така и за салата. За вас како и за вашиот продавач во цвеќарницата е многу важно декорациите со цвеќе да бидат убави на вашата свадба. Затоа ние ќе ви дадеме некои корисни совети како полесно да изберете, а воедно и да не направите некоја грешка при изборот на цветниот аранжман.

Бидете отворени кон сите видови на цвеќиња

Нема ништо по обесхрабрувачко за невестата кога сака цвеќе што цвета само во лето, а свадбата е организирана за на есен. Но сепак постојат многу видови на цвеќиња кои се достапни во текот на целата година на пример: рози, хортензија, каранфили, кала, орхидеи и други. Знаејќи кои цвеќиња се достапни во моментот кога ќе одредите датум за вашата свадба во голема мера ќе ви го олесни изборот, но, исто така, значително влијае на вашиот буџет така да поскапи се оние што во моментот се потешко достапни.

Персонализирајте го вашиот букет

Претворете го вашиот букет во нешто лично, нешто што за вас има посебно значење. Завржете нешто што вам ви значи околу стеблото, марама на вашата баба или парче ткаенина од венчаницата на мајка ви. Или пак некој симбол за тоа како и каде сте се запознале со вашиот иден сопруг.

Разгледајте ги боите на цвеќињата во цвеќарница

Консултирајте се со вашиот продавач во цвеќарницата за бојата на цвеќиња за вашата свадба. Ако ви се допаѓа некоја боја на фотографија не значи дека ќе ви се допадне и во својата природна боја. Голем број од фотографиите во списанија и на интернет се ретуширани па можно е бојата на цветовите да биде изменета или поизразена. Навреме бидете подготвени за да не бидете разочарани кога ќе ги видите вашите фотографии и да сфатите дека цвеќето на вашите фотографии не изгледа како во списанието.

Вашиот бидермаер нека биде на прво место

Не штедите пари за вашиот букет. Никако! Во прилог е на вашата свадба и се разбира, вие, како и вашиот бидермаер ќе биде една од најфотографираните нешта на вашата венчавка. Вие никогаш нема да ги прежалите фотографиите ако вашиот букет изгледа сиромашно или прекумерено.

Изберете една боја цвеќиња

Ако сте ограничени со буџетот за цветните декорации со избор на една боја ќе постигнете побогат, поорганизиран и поелегантен изглед. Монохроматски изглед на вашата маса ќе ви даде изглед на церемонија каква што посакувате, доколку изберете бела боја на цвеќиња можете да постигнете елеганција дури и ако имате мал број на цвеќиња.

Изберете цвеќарница која вам ви се допаѓа

Вашата прва средба со продавачот во цвеќарницата треба да биде со пријатен разговор со давање, но и примање на идеи за да дознаете кој е вашиот тип на цвет, а воедно и да одговара на вашата свадба. Ако мислите дека продавачот е заинтересиран и ви помага при изборот, ако ја дели истата визија за она што вие го сакате тогаш таа цвеќарница е вистинската за вас.

Ако сакате да го зачувате цвеќето од вашата свадба имајте план

Некои од цвеќињата траат подолго време од другите, додека пак некои од нив овенуваат многу бргу. Затоа е најдобро да се консултирате со вашиот продавач во цвеќарницата кои видови на цвеќиња имаат подолга трајност и како треба да се одржуваат.

Одредете го буџетот за цветни декорации

Најтешки и најмалку продуктивни средби се оние каде што буџетот не е однапред утврден. Знаете дека цвеќето е скапо, затоа е добро да бидете подготвени да платите повеќе и да имате малку повеќе пари за секој случај. На  првата средба, кажете му на продавачот во цвеќарницата колку пари имате на располагање за да ви помогне односно да ви даде предлози во рамките на вашиот буџет.

Најдете ја вашата инспирација

Изберете нешто што најмногу ви се допаѓа, некој предмет или ткаенина дали тоа станува збор за винтиџ брош некој вид на материјал. Ова ке му даде на вашиот продавач во цвеќарницата одлична почетна точка за да создаде нешто што вам најдобро ќе ви одговара.

Заборавете на традицијата

Ако не сте за традиционална свадба, тогаш ни вашите цвеќиња не мора да бидат традиционални. Нема потреба да се ограничувате со рози и кринови. Можете да изберете чувар на куќата во интересен сад, овошје или зеленчук како декорација на масите може да изгледа убаво, цвеќиња во тегли кои вие лесно можете да ги наберете и самите да си декорирате.

 

1462868_1380276922221807_1973195846_n10270397_1429169007332598_4074045059143993361_n10403336_1437758169807015_4518148452369790702_n1453309_10201783652425776_707989293_n

Ова е само дел од  цвеќарницата Glamur – gl atelje за дополнителен избор посетете ја и изберете.