Во бракот на почетокот романтиката и флертувањето се по присутни, но со многу обврски околу децата, хипотеки и разни проблеми многумина забораваат да си посветат време еден на друг како што се  романтично пешање, излегување сами едноставно да поминуваат повеќе време заедно, годините  поминуваат,  децата се пораснати и вашиот однос останува на здраво и збогум. Сепак , постојат многу начини како да се задржи живоста и позитивноста во бракот. Брачен живот не значи здодевен живот!

Ако сте во потрага по романтична инспирација еве неколку идеи кои можете веднаш да ги примените дури и ако имате деца и сте презафатени или пак имате многу одговорности.

 

Состанок во домашна атмосфера

Не можете да издвоите време за состанок надвор од дома? Дури и ако можете вечера во ресторан е скапа варијанта. Со малку фантазија, ќе може да имате убав состанок и дома откако ќе заспијат децата. Романтична вечера, гледање филм заедно, танц со пригушени светла, итн.

Личен изглед

Сторете нешто за вашиот сопруг да се сети зошто се оженил со вас тргнете ја настрана опремата за јога, нашминкајте се и подгответе се да го изненадите вашиот сопруг. Ова исто важи и за мажите, ќе добиете многу со малку колонска вода, бричење и нова кошула. Секогаш бидете убави и средени со тоа му покажувате на вашиот партнер дека се грижите за неговата/нејзината перцепција за вас.

Почекајте малку за повеќе деца

Сопругот не сака да се чувствува дека е во втор план, кога сопругата посветува повеќе внимание на детето отколку на сопругот може да направи да се чувстува така. Без вашиот брачен другар, вие не би имале деца, така да треба и да го одржувате и вашиот однос. Вие  ќе останете долго заедно откако вашите деца ќе пораснат и ќе ја напуштат куќата, па затоа секогаш водете сметка и за вашиот брак .

Помогнете кога најмалку очекуваат

Помагање на практичен начин е сигурен начин да се освои срцето на вашиот сопружник. Работи за кои вашиот брачен другар обично се грижи во домот како што се подготвување јадење, перење, миење садови или вечера на маса како изненадување.

Физичка интимност

Физичка интимност е важен дел од бракот. Моментите кога сте сами се разбира ова не значи само водење љубов. Не заборавајте дека има и други форми на интимност. Држење за раце, гушкање, бакнување кога заминувате некаде. Се случува брачните другари да се оддалечат еден од друг кога ќе добијат деца. Не  треба да се заборави дека бракот треба постојано да се негува. Најдете време за себе, изглегувајте на вечери, организирајте викенд прошетки, бидејќи интимноста е она што ја одржува живоста и позитивната напнатост во бракот.

Праќајте смс пораки

Дозволете му на вашиот брачен другар да знае дека мислите на него во текот на денот. Испрати слика, текстуална порака или емаил. Кога сте оддалечени, можете исто така и да го вклучите и вашиот брачен другар во вашиот секојдневен живот, со испраќање на слики од она што правите и каде одите. Во секој момент е убаво да се знае дека некој мисли на вас и дека некаде припаѓате. Чувството дека на некој сте му важни, некој да води сметка за вас и постојано да ви го потврдува тоа е тоа нешто е незаменливо.

Пробајте нешто ново

Учење нови работи со вашиот партнер е еден начин на поврзување. Најдете некое  хоби кое може да го пробате заедно, дури и да се чувствувате чудно кога правите нешто интересно, заедно на таков начин станувате поблиски. Може да се запишете на часови за танц пробајте тенис или обидете се со нешто авантуристичко.

Праќајте љубовни писма

Во нашиот дигитален свет, ние често забораваме колку е вобудливо да се добие ракописно писмо или порака. За крајниот романтичен гест, исполнете ја  вашата спална соба со напишаните белешки со детали за се што ви се допѓа кај вашиот сопружник.

Вербално искажување на љубов

Покажете ја вашата љубов и почит во јавност на убав начин со комплимент за вашиот брачен другар пред вашите пријатели. Вашиот брачен другар според вас е прекрасен и како таков треба да го знаат сите. Тоа ќе направи да има поголема доверба во вас.

Флертувајте

Обично пред да освоиме некого и да бидеме во врска со некој флертуваме. Не дозволувајте тоа флертување да престане. Допирајте и бакнувајте се секој ден за да се задржи вашата врска свежа и забавна. Не е точно дека односите неизбежно стануваат здодевни во бракот со текот на годините. Може да се спречи падот на односи  со само неколку стратешки планирани минути секој ден. За вашиот брак да биде  добар вреди да се инвестира време, а вие ќе уживате во животот многу повеќе, кога вашата врска е забавна и исполнета.

Посветете си време за себе

Секој  треба да има свој момент на мир како би можел добро да функционира мора да си ги знаете вашите желби амбиции цели и можности. Поставете ги работите така во секој момент да можете да се ослоните исклучиво на себе.    Кога двете страни се независни силни многу полесно ќе ги совладаат животните проблеми и ставете му до знаење на партнерот за вашите желби и планови.

Романтично патување

Можете да одвоите време и да заминете на некое патување, дестинацијата изберете ја заедно со

МАРТЕО ТРАВЕЛ