Некои модните блогерки ги следат модните трендови некои од нив си имаат свој посебен стил како и да е секоја од нив на свој начин ги презентира. За британскиот магазин Glamour најпознатите светски модни блогерки споделија дел од нивните свадбени фотографии, проследени со коментари за тоа што било најинтересното на денот на венчавката, што носеле… и неколку совети за идните невести.

Блог: thechrisellefactor.com

Младенци: Крисел Лим и Ален Чен

Датум: 18.09.2012

Невестата носи фустан изработен по нарачка, во комбинација со Гучи чевли и винтиџ накит од нејзината мајка, кој што и воедно е семејно наследство.

1 Крисел Лим и Ален Чен 2 Крисел Лим и Ален Чен

- Најдобриот дел од нашата венчавка беше всушност крајот. Јас го изненадив Ален со винтиџ Rolls Royce што го изнајмив и имавме возач кој нè возеше низ градот и назад до хотелот. Така имавме можност да го сумираме нашиот ден и да имаме еден тивок момент насамо. На крајот во автомобилот и двајцата плачевме од среќа и љубов. Тоа беше мојот омилен момент што никогаш нема да го заборавам. И секако медениот месец во Грција. - вели Крисел

Блог: tanyaburr.co.uk

Младенци: Тања Бур и Џим Чепмен

Датум: 03.09.2015

Венчалниот фустан на Тања е класичен од тантела со долг шлеп и вел, во комбинација со широк ѓердан и ракавици. Нивната венчавка стана мошне популарна и на социјалните мрежи веднаш по објавувањето на фотографиите преку хаштагот #jimandtanyagetmarried. Дел од гостите беа и познатите блогери и јутубери како што се Зои од Zoella , Алфи од Pointless blog и Ингрид Нилсен од missglamorazzi.

 3 Тања Бур и Џим Чепмен

4 Тања Бур и Џим Чепмен

Блог: the-frugality.com

Младенци: Александра Стедман и Кристофер О’Донел

Датум: 13.07.2013

Невестата носи венчаница од Делфин Манивет, чевли од Миу Миу и украс за коса од Луј Витон ( за дневната варијанта ). Потоа за вечерната прослава, Александра чевлите ги смени со балетанки од Софија Бевстер и украс за коса со цветен венец од Топ Шоп. Јапонија е нивната дестинација за меден месец.

- Тоа беше најдобрата авантура во нашите животи. Тешко е да не се забавувате и смеете таму – вели Александра.

5 Александра Стедман

6 Александра Стедман

А нејзиниот совет за сите идни невести е : НЕ бидете паничарка едноставно не вреди. Релаксираната невеста е највеселата невеста. До свадбата беше стресно, но на самиот ден беше релаксирано и навистина уживав во секој момент.

Блог: annelibush.com

Младенци: Анели Буш и Сем Буш

Датум: 24.05.2014 во Сплит, Хрватска

Невестата носи фустан што таа и мајка заедно го дизајнирале . Чевлите се Џими Чу.

- Запросувањто беше неверојатно. Ме одвлечка во Њујорк за мојот роденден и ме запроси на покрив од една зграда кој беше уреден само за нас, со пригушени светла, шампањ, свеќи и вечера (моите омилени тестенини). Беше интимно, романтично и бевме само ние двајца. Медениот месец пак ни беше тринеделна авантура во Сиднеј Фиџи и Хонг Конг - вели Анели.

7 Анели Буш

8 Анели Буш

А нејзиниот совет за сите идни невести е: Потрудете се да уживате во секој момент од планирањето на венчавката и не го уништувајте со стресот. Истото важи и за големиот ден. Тоа ќе биде најдобриот ден во вашиот живот и уникатно искуство.

Блог: afashionfix.co.uk

Младенци: Хана Кроски и Дин Кокс

Датум: 06.06.2015

 

Хана носи венчаница од тантела во сирена крој од Проновиас со вел и во комбинација со Џими Чу чевли. Нивниот меден месец бил на Малдивите во вила со приватен базен и личен батлер.

10 Хана Кроски и Дин Кокс 9 Хана Кроски и Дин Кокс

А нејзиниот совет за сите идни невести е: Впијте го секој детаљ. Вашиот ден ќе пролета толку бргу, затоа уживајте во секоја можна секунда.

Блог: somethingnavy.com

Младенци: Ариел Нахмани и Брендон Чарнас

Датум: 18.10.2014

 

Венчаницата на Ариел е со потпис на Кристијан Сиријано. Инаку Брандон ја побарал Ариел за жена на Ноќ на вештерките, кога биле облечени како зомби. За невестата најдобрите моменти од свадбата се оние непланираните.

11Ариел Нахмани

- Најдобриот дел од свадбата беше оној после венчавката кога двајцата се прошетавме во близина, за првпат како венчана двојка и кога го згрешивме патот,  па моравме да поминеме низ кујната за ресторанот. – вели Ариел.

А нејзиниот совет за сите идни невести е: Направете фустан во кој ќе можете да танцувате. Ако пак за церемонијата имате гламурозен фустан инвестирајте во втора опција во која ќе можете да се пресоблечете за вечерната забава.

Блог: kellimurray.com/blog

Младенци: Кели Муреј и Сем Ларсон

Датум: 15.11.2009

 

Невестата носи фустан од Проновиас и рамни чевли од Џефри Кембел. Речиси целата нивна венчавка е „направи сам“.

- Немавме голем буџет па некои од моите омилени детали за тој ден ги креиравме сами. Најдобриот дел од нашата венчавка според двајцата е што имавме можност да ја прославиме нашата љубов со сите луѓе што ни значат најмногу на свет.

14 Кели Муреј и Сем Ларсон13 Кели Муреј и Сем Ларсон

А нејзиниот совет за сите идни невести е: Навистина сум среќна што инвестиравме во одличен снимател. Ми се допаѓа што токму низ фотографиите и видеото можеме да го оживуваме овој посебен ден за нас и во годините што следат.

Блог: oraclefox.com

Младенци: Аманда Шадфорт и Сем Вилијамс

Датум: 20.10. 2010, на Бали

 

Аманда носи фустан на австралиски дизајнер од Sass&Bide. Не носи чевли само синџири околу глуждовите.

- Најдобриот дел од нашата венчавка е што имавме мала интимна група на пријатели кои дојдоа со нас на Бали без било каков притисок како на големите свадби. Всушност свадбата и медениот месец беа искомбинирани на истото место што им овозможи на гостите ако сакаат да останат и на недела дена да се забавуаат и слават со нас. - вели Аманда.

15 Аманда Шадфорт16 Аманда Шадфорт

А нејзиниот совет за сите идни невести е: Инвестирајте во добар фотограф и знајте дека не секогаш морате да се приклоните кон традиционалното. Исто така, не анализирајте и не размислувајте за се премногу. Сè е во тоа да си поминете убаво и да се забавувате.

Блог: susiesweats.com
Младенци: Сузи Едвардс и Стјуарт Вајт
Датум: 05.10.2013

Сузи носи венчаница со потпис на Џени Пекам во винтиџ стил. Сузи и Стјуарт за својот меден месец заминале во Јужна Африка.

19 Сузи Едвардс и Стјуарт Вајт20 Сузи Едвардс и Стјуарт Вајт21 Сузи Едвардс и Стјуарт Вајт

- Го сакам Гетсби поточно нотата што ја имаат фустаните и тоа беше единствениот фустан во кој јас бев сосема јас. Се чувствував гламурозно како никогаш до тогаш и ми се допаѓаше што имаше многу скриени детали на фустанот. Сега ми треба само изговор за да го носам повторно!

- Сакавме авантура и ја добивме. Искусивме работи во тие две недели повеќе отколку за сто години и имаме доживотни спомени. Додека вечеравме во кампот видовме кај шетаат горди лавови. Едно од најадреналински искуства и воедно најстрашни што некогаш сум ги доживеала. – раскажува Сузи.

А нејзиниот совет за сите идни невести е: Земете неколку моменти во денот кога ќе се повлечете и само ќе набљудувате – глдајте ги гостите како се забавуваат, слушајте ја музиката и вдишете ја атмосферата. Чуваството да ги гледате луѓето што ги сакате како се забавуваат на вашата свадба ќе ви остане засекогаш.