На што прво треба да се внимава!?

Основната грешка што многу брачни парови ја прават е тоа што, прво ја закажуваат свадбата, избираат ресторан, резервираат матичар а дури потоа тргнуваат во потрага по бенд. Проблемот е тоа што добрите бендови се навреме зафатени, ако одоговлечувате наоѓањето бенд и тоа како ќе биде проблем.

Основни правила кон кои треба да се придржувате:

  • Цена на бендот (подобро штедете на нешто друго, отколку да бидете незадоволни од поефтиниот бенд)
  • Колку членови има бендот (секако треба да им се плати менито)
  • Кои инструменти имаат да понудат
  • Дали спаѓа и одење по невестата
  • Дали цената е фиксна или очекуваат бакшиш од гостите
  • Дали примаат нарачки или се држат до репертоарот
  • Дали прават пауза (стриктно треба да се договорите, затоа што ако паузата е неприлагодена и тоа како ке ја наруши атмосферата)
  • Ако имате некои песни по ваша желба а бендот не ги знае, тогаш замолете ги да ги извежбаат.

Изберете еден кој ке контактира со бендот во текот на веселбата, ако има примедба, или некоја измена, не дозволувајте потенцијалните пијани гости да го реметат бендот ;)

 

Потрудете се веќе избраниот бенд да го слушнете како свират на некоја веселба доколку веќе го немате слушнато. Замолете ги да ви дозволат да присуствувате на некоја свадба ама тие да ви дадат знак кога да влезете, да не го погодите терминот на време вечера или некоја пауза.

Во последно време се обрнува внимание дали од бендот имаат термин за перформанс а тоа во овој случај е тапан, гајда и кавал, ориентална музика изворно македонска од која со секое удирање на тапанот ке ги пробуди најдлабоките емоции. Наш совет е да го изберете еден од најдобрите ЧЕЛИК БЕНД, кој со гаранција ќе ги задоволи вашите очекувања.