Моминска вечер е забава за дарување на невестата која се организира во пресрет на нејзината венчавка. Ваква традиционална забава вообичаено ја планира и организира старосватицата, најдобрата другарка или сестра.

Едно од основните правила на моминската вечер е да биде што полуда. Во продолжение следат неколку идеи за тоа како можете да ја организирате моминската вечер на вашата блиска другарка, сестра, или  роднина.

Овој пат ќе се задржиме до забавата и како да ја организирате најубавата вечер која вашата пријателка ќе ја запамети за цел живот. Ако никогаш претходно не сте ја имале оваа одговорност, следниве неколку идеи ќе ви бидат од голема корист.

Имајте план

Пред да започнете утврдете го бројот на луѓе и направете точен попис за трошоците. Посветете неколку денови во пронаоѓање на совршената локација, датумот кој најмногу ќе ви одговара, како и сумата која ќе ја платите.

Дали планот ќе го прави невестата, кумата, старосватицата или сите девојки заедно, треба да ги исполнува желбите на невестата. Секако, со елементи на изненадување. Ако пак, невестата не знае што да очекува, па тогаш потпрете се на вашето добро познанство и организирајте нешто во што навистина ќе ужива и ќе го памети. Една од опциите е домашна женска забава, потоа караоке забава, стриптизер, викенд во некој друг град, или пак еден ден на плажа-базен доколку е лето се исто така добри избори…. Предвид доаѓаат и спа центри, ручек-вечера на видиковец…

Тематска вечер

Тематските девојачки се одличен начин за прослава. Направете цела приказна, припремете храна и пијалоци согласно на одбраната тема и декорирајте го амбиентот.

Ако не е тематска, тогаш моминската вечер би била како и секое друго излегување во град. Темата всушност ја создава возбудата. Може да биде што било – диско, ретро, маици со фенси натписи, балони, бои на виножито, мода…. Само треба да ја одберете вистинската што најмногу ќе и соодветствува на идната невеста. Кога ќе влезете во „штос“, нема да сакате вечерта да заврши.

Изненадување

Организирајте забава, но никако не и кажувајте. Нека мисли дека ќе има мала вечера само со вас девојките, а всушност нека добие нешто спектакуларно. Коктели или камикази. Организирајте вечер каде што ќе има многу храна, или пак  егзотични десерти и неверојатно вкусни, безалкохолни или алкохолни пијалоци.

Патување

Ако времето и финансиите тоа ви го дозволуваат, не двоумете се за да направите едно викенд патување. Одберете дестинација која знаете дека вашата пријателка отсекогаш посакувала да ја посети.

 

Забава пред свадба – НЕ!

Не мора да биде само вечер… Ако сте девојки со многу енергија, забавата може да почне уште во текот на денот. Но, што и да правите има едно и единствено правило, а тоа е : Моминската вечер никогаш не ја правете истиот викенд кога е и венчавката! Невеста со мамурлук и подочници не е сонот на секоја девојка за тоа како ќе изгледа на својата свадба.

Внимавајте на деталите

Во склад со темата се бираат и деталите, подарочиња, беџови и се она што ќе ја направи забавата живописна. Ќе бидете забележани каде и да се најдете, а особено невестата која доколку сака може да носи вел, венче, лента и сл. што ќе ги добие за спомен. Исто така, обрнете внимание на храната. Интересни мали сендвичи, поп и кап кејкови, интересни колачиња, откачена торта, изборот е ваш. Ако правите забава дома. заедничкото готвење исто така може да биде многу забавно и смешно. И никако не пропуштајте на невестата да и подарите секси долна облека за првата брачна ноќ.

Фотографии

Доколку имате можност, најдобро е да најмите фотограф. Не само што фотографиите ќе бидат одлични, сите ќе ве има. Но, доколку не сте во можност тоа да го организирате, ништо страшно. Најважно е да го овековечите тој момент . И не мислиме на селфи фотографирање, туку на забавни, откачени фотографии што секогаш ќе ви измамат насмевка на лицето.

Девојки нека ви помогнат за декорација со балони НОМИ Балони, за патување Мартео Травел, за торта и нешто благичко Рафаела, за фотографирање Венцо Дигитал…и нека биде лудо и незаборавно.