Во саботата вечер во ресортот „Палас Гарден“ во близина на Куманово, со модна ревија беше промовирана новата колекција на дизајнерката Ивана Каран.

Колекцијата „Redingote Reborn” е креативен опис на едно поинако време со челични вредности на искреност, истрајност и љубов, без разлика на физичката разделеност, што денес ги снемува.

“Станува збор за уникатни изработки со многу рачна работа во нив. За изработка на само еден фустан беа потребни околу 250 часа работа”, вели дизајнерката Каран.

„First face” на ревијата беше Ана Костадиновска ,а честа да ја затвори ревијата и припадна на Лина Палазова и двете дел од агенцијата Моделс ИН од Скопје. Посебно доживување беше и настапот на малите модели кои совршено се вклопија во целата приказна.

 

Превземано од :

fashionel.mk