Како што за невестата е важна венчаницата така и за младоженецот оделото е неизоставен елемент за свадбата како и за секоја свечена пригода, мажот мора да знае како да се облече кога ќе дојдат овие моменти. Затоа ви нудиме неколку совети како да го изберете вистинското одело и како во него да се чувствувате удобно.

Постојат неколку основни прашања со кои сите мажи се соочуваат кога избираат одело – дизајнот, бојата, закопчувањето, квалитетот, а најважно од се е како да изберете одело кое добро ќе ви стои.

Не е важна цената на оделото и да биде најскапото, но ако не се вклопува во вашиот стил не само што нема да ви стои добро исто така и нема да се чувствувате убаво, од друга страна, ако направите добар избор без оглед на цената ќе изгледате многу самоуверено.

1.     Класичното никогаш не изглегува од мода

За да не купите одело кое следната сезона ќе излезе од мода, придржувајте се за проверени бои и крој. Ако е во прашање еднобојно одело, црна или темно тегет боја се добри варијанти и ќе можете да го носите оделото во различни прилики. Ако се работи за модел со шари, моделите со фабрички тегет линии се вонвременски како и темно сиви варијанти. Реверите никогаш не треба да бидат премногу тесни или премногу широки. Помладите мажи понекогаш може да комбинираат тенки ревери,  додека на постарите повеќе би им стоеле пошироки.

2.    Пронајди ја својата големина

Најголема грешка со оделата е тоа што многу мажи не знаат како да ја пронајдат големината која им одговара.

Поради тоа водете се според овие три правила:

  • Сакото треба убаво да лежи на вашите рамена но не и да ве стега. Ако ви одговара сакото на рамената многу е веројатно дека и се останато ќе ви биде по мера.
  • За да ја одредите должината која би ви одговарала, на сакото би требало да можете да ја дофатите долната ивица кога ќе ги свртите дланките.
  • Ракавите на кошулата не би требало да бидат излезени повеќе од половина сантиметар под сакото.
  1. Удобни пантолони

Започнете од долу па на горе. Ништо не изгледа по невкусно ако линијата на вашите пантолони не е во ред. Проверете дали линијата на појасот на вашите пантолони е удобна и дали можете да ставите два прста во струкот додека ги носите. Што се однесува до фалтите тие обично се индивидуален избор. Се смета дека фалтите се правило за оние кои имаат поголем стомак, а не за оние кои се атлетски градени. Панталоните би требало да ви допираат до чевлите или да имаат малку подолг простор. Со манжетна или не тоа е ваш избор меѓутоа имајте на ум дека, ако пантолоните ви се без манжетна прават да изгледате повисоки а оние кои се високи препорачливо е да носат пантолони без манжетни.

  1. Должина на ракавот

Проверете дали ви одговара должината на ракавот инаку ќе изгледате како пикнати во мала кутија. Доколку ракавот ја покрива манжетата од вашата кошула тогаш знајте дека е многу долг.

  1. Појас на сакото

Сакото треба да стои посебно убаво во пределот на стомакот.Традиционалниот американски крој кој бил доста популарен изминатите години сега е заменет со сако кое е малку по кратко и повеќе струкирано.

Класичниот стил и понатаму е попуалрен сепак според формата на телото проценете дали подобро ви стои струкирано или класично опуштено.

  1. Целосен изглед на оделото

Кога е веќе се решено треба да сте во можност слободно да  ги затегнете рацете, да ги кренете нозете и да пробате да направите полу круг на лево и десно со вашата половина. Ако во тоа успеете без проблем тогаш го имате совршеното одело.

Мали тајни

  • Оделото мора да лежи на вашето тело. Тоа значи секој дел мора да изгледа совршено.
  • Идеално би било да го направите по вашите мерки. Немојте да облечете одело кое сте го носеле кога сте имале помалку или повеќе килограми.
  • Ако сакате да изгледате послабо изберете сако со копчиња кои се наредени во линија само на едната страна.
  • Носете го оделото кое оддава сигурност и самодоверба. Нека другите учат од вас како да се однесувате.
  • Ако имате широки ремена купете сако кое ќе ви биде точно и ќе ја одава вашето форма. Во никој случај не купувајте сако со надраменици.
  • Ако спаѓате во групата повисоки мажи препорачливо е смело носење на одело во пругасти линии.

Неможе се да биде совршено, така и совршеното одело е само мит. Како ќе ви стои оделото зависи само од вашата градба на телото. Но тоа не значи дека атлетичарите и спортистите се раѓаат во одела. Да, на некои им стои навистина убаво, но далеку е поголем бројот на оние кај кои не е таков случајот.

Консултирајте се со кројач. Ситните поправки знаат да направат чудо и нај несооодветното одело можат да го направат да стои добро на вашето тело. И уште еден совет. Кога купувате ново одело задолжително во истата продавница пробате некоја кошула која ќе стои со него. Можеби дома имате премногу еднобојни кошули, но секогаш можете да најдете некоја добро дизајнирана и тренди обоена која на вашата колекција ќе и даде живост.

Дозволете најдобрите во својата дејност да се погрижат за Вас.

Бутикот EXIST koj се наоѓа на приземјето во ГТЦ Гарнизон Куманово и

Биртекс на добро познатата адреса Куманово