Голем број од заљубените парови за медениот месец се одлучуваат да го поминат во некој од популарните градови кои овозможуваат прекрасни пејзажи, забавен ноќен живот, планинарење или пак уживање на плажа. Погледнете кои се најубавите европски градови кои младите најчесто ги одбираат како дестинација за нивниот меден месец.

1. Париз, Франција

Не е тајна дека овој романтичен град привлекува љубовници од целиот свет. Иако можеби звучи премногу туристички, ако одлучите да го поминете медениот месец во Париз со својот партнер задолжително качете се на Ајфеловата кула. Погледот на реката Сена,прошетка во паркот Луксмбург, црквата Свето Срце ќе го направат вашето патување незаборавно и романтично.

pariz-evropski gradovi

2. Виена, Австрија

Виена е шармантна во текот на целата година, но во есен можете да ги искусите најубавите панорамски прошетки. Овој град е како богаство за откривање.

 

 

21710-Cladirile-Otto-Wagner-Viena

 

 

3. Банско, Бугарија

Тука имате можност да уживате на планина обколени со шуми кои на есен овозможуваат поглед кон неверојатни пејзажи.

tumblr_mz3g9qLf7M1r2doe0o1_1280

4. Будимпешта, Унгарија

Одлично место како за попладневни прошетки така и за вечерна забава. Уживајте во топло кафе и убавата архитектура. Почитувана како една од најубавите градови во Европа нејзиното светско наследство ги вклучува двата грега на Дунав Будим и Пешта,Замокот Буда, Авенијата Андреси, Плоштадот на Хероите, метрото коешто претставува  второ најстаро метро во светот, втората најголема синагога во светот, како и третиот светски најголем парламент.

budimpesta 4-

5. Фира, Грција

Ако се уште сакате да уживате во тиркизните бои на морето додека околу вас се шират боите и мирисите на есента, островот Санторини и неговото гратче Фира е идеално место за вас.

 fira_1

 6. Фиренца, Италија

Шармот на Фиренца ќе ви го одзеде срцето и здивот, а во самиот град можете да  појдете на романтична прошетка со партнерот најдоброто време за тоа е секако есен бидејќи поради спарната клима треба да го избегнувате летниот период.Најубавата кујна на светот и најубавото тосканско вино ќе ги најдете во Фиренца . Град на вечна ренесанса, романтични улици, раскошни паркови. Посетете ја катедралата Дуомо, мостот Понте Бекио (Стариот мост). Фиренца исто така е важен град и за италијанската мода.

florence

7. Ротердам, Холандија

Амстардам е супер, но тоа не значи дека не треба да го посетите и овој град. Ротердам ќе ви овозможи прекрасна небесна глетка, но и забавен ноќен живот.

Rotterdam - cultuur & stad1

8. Чешки Крумлов, Чешка

Прага е доста позната меѓу младите, но овој помалку познат град со дворец е навистина неверојатно место за есенска посета.Најстариот дел од градот датира од 12 век. Тесните улички,средновековни градини, Карловиот мост, каде треба да се бакнете за вечна љубов, безброј цркви Прага е еден прекрасен град, ако сте љубители на џезот Прага нуди безброј џез клубови, а секако и за љубителите на пивото тука се Чешките пивници.

belleza-de-puentes-praga

 

МАРТЕО ТРАВЕЛ е тука за сите оние кои сакаат да уживаат во патувањето.