Да, да, ја потврдија, да и двајцата се согласија на заеднички живот на заедничка среќа. Искрите во очите можеше секој да ги примети тој ден, беше ден за паметење, за нив двајца незаборавен. Еми во невестински фустан, прекрасна,  Мадмазел студио ја скрои насмевката на нејзиното лице. Денот изминуваше, секој момент беше посебно доживеан, круните на венчавката се кренаа високо, прстените направени со љубов од Златара Квин ги разменија, бурмите се симбол на верноста. Полека денот завршуваше, ноќта тивко навестуваше забава, песна, музика. Сега сите се тука, сега е времето кога емоциите и енергијата се чувствува во воздухот, во затворената сала се шири мирисот на свежи цвеќиња за кои се погрижи Гламур – Гл, кои беа уредно и со внимание ставени на главната маса, а бидермаерот беше во неизвесност во чии раце ке се скрие таа волшебна ноќ. Кренете ги чашите високо, погледнете се во очите и бидете среќни, Живели!