Секоја приказна започнува со: Си биле еднаш… Приказната на Елена и Давор си ја знаат само тие двајцата, но сакаа да ни раскажат само дел,  делот во кој најголемо место е оставена за љубовта. Љубовта како сама не може да опстои, не може да биде голема без позитивните емоции и вибрации на луѓето кои ги сакаат. Да, тој ден сите беа тука. Сите беа тука за нив двајцата.  Денот на венчавката – прекрасен, а ние сведоци на една љубов.

Довербата за организирање на тој ден во потполност ја превземавме како голема одговорност. Како и секогаш тимот на Свадба Без Мака со помош на соработниците реализираше уште една приказна.

Си биле еднаш…принц и принцеза.

Благодарност до :

NOMI Baloni

Цвеќара Поклони Девил

Madmazel Modno Studio

Mystic Studio

Делот од Челик Бенд

Ресторан Бастион

Plamenka Trajkovska МАЛИ КАМЕРНИ СОСТАВИ

Predrag Popovski photography